Кошаркарите на Милано се на само чекор од Фајнлфор во Евролигата откако и во вториот четвртфинален натпревар без проблеми славеа против Баерн Минхен. Италијанскиот состав триумфираше со 80-69.
Уште во првата четвртина, која Милано ја доби со 26-12, беше јасно кој ќе ја однесе победата. Сето тоа рутински се одржуваше низ следните три периоди од играта, иако во второто полувреме Германците успеаја само да го ублажат поразот.
Најефикасен во победничкиот состав беше Кевин Пантер со 20 постигнати поени, а кај Баерн Минхен се издвои Вејд Болдвин со 23 поени и шест асистенции.
Со 2-0 во четвртфиналната серија, Милано сега е на само победа од место меѓу најдобрите четири екипи во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА