Роналдо сака да се врати во Манчестер Јунајтед

Кристијано Роналдо се наоѓа во големо искушение да се врати во Манчестер Јунајтед и веќе го има испратено неговиот агент Мендеш да преговара со раководството на клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Тој е подготвен за многу помала плата од таа што ја има во Јувентус да се врати на „Олд Трафорд“. Тој во „старата дама“ заработува 31 милион евра годишно, а во Јунајтед е подготвен да игра за сума од 20 милиони по сезона.

Солскјер пред некое време изјави дека би сакал Роналдо да се врати во Манчестер, а и самиот Португалец како што пренесуваат европските гиганти во моментов е незадоволен од животот во Торино.

 

Се вчитува...