Освојувачот на златниот олимписки медал во велодромски велосипедизам, Калум Скинер за британските медиуми говореше околу одлуката на Меѓународниот олимписки комитет да не дозволи клечење на ЛОИ во знак на поддршка на движењето „Black lives matter“. Британецот вели дека не може никој да го ограничи тоа да го направи.
„Организаторите на игрите се обидуваат да наметнат своја волја таму каде што не е можно. Ако спортистот сака да клекне тој ќе клекне. Луѓето ги фрустрира движењето „Black lives matter“, затоа што го гледаат како политичко движење, но тоа е всушност борба за рамноправност и како таква треба да биде нешто што ЛОИ треба сто отсто да го поддржат“, изјави Скинер.
In sport sometimes it’s necessary to apply societal standards. Through a democratic lens some decisions are perverse.
The IOC will continue to punish athletes who campaign for equal rights. This was decided via a flawed survey. Nothing has changed since 1968 #BlackLivesMatter https://t.co/VQYPwPs096
— Callum Skinner (@CallumSkinner) April 22, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА