По Билбао и Даблин го изгуби домаќинството на ЕП 2020

Европската куќа на фудбалот, УЕФА по Билбао реши домаќинството на Европското првенство да му го одземе и на Даблин. Главниот град на Ирска требаше да биде домаќин на три натпревари од групата Е, но сите овие мечеви ќе бидат преместени во Санкт Петерсбург.

Исто така Даблин требаше да биде домаќин и на еден осминафинален дуел, а како замена ќе биде англсикиот Вембли. УЕФА го потврди Минхен како домаќин и германскиот град ќе биде дел од домаќините на Еврошампионатот.

 

Се вчитува...