Евертон ја продолжува борбата за Европа

На отварањето на 33. коло во Премиерлигата, Евертон успеа да слави на гостувањето во Лондон против Арсенал со минимални 0-1. Херојот на составот од Ливерпул беше противничкиот голман, Бернд Лено кој со автогол донесе победа за „сините“ и го остави тимот на Карло Анчелоти во игра за местата кои следната сезона водат во европските натпреварувања.

Натпреварот се отвори со автоголот на Лено во 76. минута од натпреварот кога по одличниот продор на Ришарлисон од десната страна, германскиот голман „киксна“ во одбраната, а топката заврши во мрежата на „топџиите“. Мартинели имаше шанса да донесе бод за својот тим во судиското продолжение, но на врвот на својата задача на голот беше Пикфорд.

 

 

Се вчитува...