Најдобриот снукер играч на сите времиња и актуелен светски шампион, Рони О’Саливен сензационално го заврши настапот на турнирот во Крусибл, откако во второто коло во трилер дуел загуби од Ентони Мекгил со 13-12.
Клучна во мечот беше серијата од седум фрејма на Мекгил кој од негатива од 1-4, успеа да поведе со 8-4, а втората сесија да ја заврши со предност од 10-6. Во последната трета серија О’Саливен брзо успеа да израмни на 10-6, а имаше и предност од 12-11. Сепак, големите грешки на најпознатиот снукер играч во историјата беа доволни за негова рана елиминација.
За потсетување популарната „Ракета“ досега шест пати го креваше трофејот на Светските првенства, а од него потрофеен во опен ерата е само легендарниот Стивен Хендри со седум титули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА