Брегалница уште денеска би можела да слави прволигашка промоција

Брегалница е на чекор од прволигашка промоција. Штипјани уште денеска во Кочани би можеле да слават титула во второлигашката конкуренција и пласман во Првата лига, доколку триумфораат на дуелот од 24. коло против Осогово, а притоа Тиквеш ремизира или загуби на гостувањето против Кожуф.

Но, и покрај тоа, апсолутно никој во таборот на Марјан Секуловски не се оптоварува кога ќе биде реализирана крајната цел, која зависи и од резултатите на конкурентните тимови. Сите во „синиот тим“ се единствено концентрирани на што подобри изданија и победи на секој следен натпревар. Така ќе биде и на денешниот дуел против Осогово во Кочани, на кој фудбалерите на Брегалница најавуваат силна определба да се дојде до нова квалитетна престава и три бода.

Максимално ангажирано беа одработени последните тренинзи пред утрешниот дуел, низ крајно позитивна атмосфера која е и еден од клучевите за успешната сезона.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (24. КОЛО, денеска, 13 ч.)

Кит Го – Каменица Саса

Кожуф – Тиквеш

Осогово – Брегалница

Плачковица – Победа

Росоман – Слога Виница

 

Се вчитува...