Ракометарките на Куманово стигнаа до нов убедлив триумф во Суперлигата, откако на гостински терен го декласираше Вардар Кузман со 18-54. Ана Шарановиќ беше прв стрелец кај кумановки со 16 гола, а седум постигна Бранкица Марковиќ. Кај поразените Сандра Јовевска заврши со шест.
До лесна победа стигна и ЖРК Чаир на домашен терен против Ѓорче Петров со 37-25. Во останатите два меча од денешната понуда Спартак – Гевгелија 29-26 и Овче Поле – Вардар 23-30.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА