Втора лига: Феникс и Ангели обезбедија пласман во полуфиналето

Екипите на Феникс 2010 и на Ангели се првите полуфиналисти во плеј-офот на Втора лига-мажи кој се игра за пополнување на две места во друштвото на најдобрите. Двете екипи победија и на вторите натпревари од четвртфиналната серија и со максимални (2-0) го продолжуваат патот кон Првата лига. На гостувањето во Битола, Феникс 2010 и по втор пат ја совлада Хераклеа, исто така убедливо со резултат (77:60).

Ангели кма далеку потешка задача во тетово. Наидоа на особено расположен противник, кој едниставно беше непогрешлив во шутот за три поени. И во првото полувреме оствари двоцифрена предност. Но се беше поинаку во продолжението од мечот во „Економско“. Фаворитот ги консолидира своите редови и стигна до полуфиналето со победата од (84:73).

За место во првата „четворка“, пак трет натпревар ќе играат екипите на Борец Баск т и Чаир 2030. Чаирчани испуштија голема шанса да ја завршат работата уште на денешниот мечот одигран во салата „Гемиџии“ во Велес. Имаа три поени предност во финалните секунди (79:76), но сосема непотребно направија прекршок, вреден три поени, кој велешани го претворија во егал скор (79:79). Во дополнителните пет минути го турнаа на земја фаворитот. Стигнаа до двоцифрена победа (97:87) која има дава нова шанса за пласман во следниот круг од натпреварите.

Утре, од 16.30 часот, екипите на Партизан Водно Санс и на Шкупи ќе го одиграат својот прв меч од серијата „подобар во три“ натпревари.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ПЛЕЈ-ОФ – ЧEТВРТФИНАЛЕ – ВТОР НАТПРЕВАР

Хераклеа – Феникс 2010 60:77 (0-2)

Борец Баскет – Чаир 2030 97:87 (1-1)

Тетекс ТТК – Ангели 73:84 (0-2)

НЕДЕЛА:

16.30: Партизан Водно Санс – Шкупи (прв натпревар)

Сала „Јане Сандански“ – Скопје

Се вчитува...