Зоран Кастратовиќ, нов кормилар на Пролет!

Зоран Кастратовиќ од денеска е нов шеф на стручниот штаб на Тинекс Пролет. Искусниот стратег потпиша договор до крајот на сезонава, со можност за продолжување на соработката за најмалку уште една година. Кастратовиќ доаѓа на оваа функција на местото на Никола Матлиевски, со кого денеска беше спогобено прекината соработката. Пред новиот стратег е остварување на зацртаната цел од стартот на сезонава – пласман на едно од првите четири места во плејофот и обезбедување на учество во европските купови за 2021/2022.

Зоран Кастратовиќ е исклучително искусен стратег кој во кариерата ги има водено Вардар и Металург, имаше успешен ангажман и во катарскиот Ал Џаиш, а извесен период мина и како селектор на Црна Гора. Последен ангажман му беше на клупата на Металург, тим со кој успеа да обезбеди влез во групната фаза од Лигата на Европа.

„Мило ми е што повторно ќе работам во квалитетен тим од македонскиот шампионат. Запознаен сум со квалитетите на Тинекс Пролет, верувам дека овој состав има потенцијал за да оствари добри резултати до крајот на сезонава. До крајот на сезонава имаме уште шест средби, а само со заедничка работа и максимална ангажираност можеме да стигнеме до она што сите го посакуваме – Тинекс Пролет да излезе во ракометна Европа. Благодарност до управата на клубот и верувам дека ќе ја оправдам нивната доберба и ќе им помогнам во остварувањето на зацртаната цел“, изјави Кастратовиќ за клупската веб-страница на Тинекс Пролет.

Се вчитува...