МЗТ Скопје стигна до убедлив триумф на гостувањето кај ТФТ од 78-97 по враќањето на обврските во домашната Суперлига. Аеродромци уште од самиот старт ја покажаа разликата во квалитет, а веќе по 20 минути игра имаа предност од 35-57. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечни 78-97.
Феми Онуџоби со 18 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Смит заврши со ист број на поени.
МЗТ веќе за два дена го очекува нов натпревар во Суперлигата, каде во братското дерби ќе се сретне со МЗТ 2. ТФТ следниот натпревар ќе го игра на 29. апрли на домашен терен против Академија ФМП, во кој тимот од Кисела Вода со победа ќе осигура место во плеј-офот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА