Македонските кикбоксери со вкупно 54 медали од „Трофеј Белград 2021“ (ФОТО)

Во услови на селективни рестриктивни мерки поради корона-пандемијата и забрана за одржување на тренинзи во индивидуалните спортови во кои припаѓа кикбоксот, македонските кикбокс борци прикажаа извонредни резултати и борбеност во ринг и татами дисциплините на меѓународниот кикбокс турнир „Трофеј на Белград” кој се одржа викендов во Србија.

На овој меѓународен кикбокс куп учествуаа 269 натпреварувачи од 53 клубови од пет земји, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Молдавија и истиот беше можност за контрола на подготвеноста на нашиот национален тим за учество на претстојните официјални светски и европски првенства.

Македонски кикбоксери се закитија со 54 медали (15 златни, 17 сребрени и 22 бронзени).

Од Македонските клубови најуспешен беше Кик бокс клубот Шампион – МАГНУС ТИМ од Скопје со освоени 11 медали (8 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал). Токму натпреварувачот на овој клуб Бобан Илиовски беше прогласен за најдобар борец на ринг, за што доби златен пехар.

„Задоволен сум од нашиот целокупен успех и постигнатите резултати и среќен сум што ја водам оваа успешна и перспективна федерација во која има единство, слога и меѓусебна помош и пожртвуваност на натпреварувачите и тренерите, поради што и успехот е неизбежен“ – истакна претседателот на КМФМ, Дејан Митровски – Урко веднаш по успешниот настап на македонските кикбоксери во Белград.

Митровски уште еднаш се осврнува на неоправданата забрана за тренинг и натпреварување на индивидуалните спортови во Македонија, наспроти оние екипните.

„И покрај потребата од напорен и долг тренажен процес и наша институционална и медиумска иницијатива и барање за олабавување на рестрикциите во индивидуалните спортови, во моментов се уште се соочуваме со забрана за тренинг и организацијавна кикбокс натпревари. Немаме објаснување за тоа зошто сме дискриминирани и обесправени во однос на екипните спортови (фудбал, ракомет, кошарка, одбојка…) кои непречено тренираат и се натпреваруваат и на национални и на меѓународни натпревари?!? Преку работната група за олеснување на мерките во индивидуалните спортови, побаравме разрешница на проблемот и одговор на нашите прашања, но до денеска се уште немаме позитивен исход. Спротивно на нашата состојба, во соседството тренинзите на кикбокс-репрезентативците и професионалните спортисти се изведуваат во спортските објекти, а истовремено и непречено се организираат национални и меѓународни натпревари. Особено сакам да истакнам дека и покрај тоа што имаме репутација на земја со мал број на натпреварувачи на официјалните европски и светски првенства (за што се виновни финансиите), сепак нашиот тим е фаворит за освојување на злато особено во ринг дисциплините и во спортските мемоари сме забележани како земја со два светски прваци и земја со освоени многу светски и европски сребрени и бронзени медали. Моменталната забрана за тренинг ќе рефлектира со можна загуба токму на светски и европски медали за нашата земја“.

 

РЕЗУЛТАТИ И ПЛАСМАН НА МАКЕДОНСКИТЕ КЛУБОВИ НА „ТРОФЕЈ НА БЕЛГРАД 2021“

1. Кбк Шампион – Скопје: злато-8, сребро-2, бронза-1

2. Кбк Тим Зоран – Струмица: злато-2, сребро-4, бронза-3

3. Кбк Наско тим – Скопје: злато-2, сребро-0, бронза-0

4. Кбк Работнички Адора – Скопје: злато-1, сребро-1, бронза-4

5. Кбк Тетово – Тетово: злато-1, сребро-0, бронза-2

6. Кбк Куманово 2006 – Куманово : злато-1, сребро-0, бронза-0

7. Кбк Гладијатор – Штип : злато-1, сребро-0, бронза-0

8. Кбк Патриот спорт – Крива Паланка: злато-0, сребро-2, бронза-3

9. Кбк Будо – Велес : злато-0, сребро-2, бронза-2

10 Кбк Предатор – Куманово : злато-0, сребро-2, бронза-1

11. Кбк Лидер – Виница : злато-0, сребро-2, бронза-1

12. Кбк Гладијатор – Скопје : злато-0, сребро-1, бронза-3

13. Кбк Ас – Делчево : злато-0, сребро-1, бронза-1

14. Кбк Самурај – Битола : злато-0, сребро-0, бронза-1

Се вчитува...