Флојд Мејведер, поранешниот светски шампион во велтер категорија, ќе се појави на мегдан со јутјуберот Логан Пол на егзибициски боксерски натпревар во Мајами. Борбата е закажана за 6 јуни на стадионот „Хард рок“. Во официјалното соопштение не се наведени детали за тоа колку рунди ќе има и колкава ќе биде тежината на ракавиците со кои ќе боксуваат.
Флојд ова го потврди и на своцијалните мрежи, најавувајќи вистински спортски спектакл.
„Логан Пол и јас ќе се бориме на рингот – Хард рок. Ви ветуваме епски настан“, напиша Мејведер на својот Инстаграм профил.
Пол, кој има 26 години, боксуваше против британскиот јутјубер КСИ и тој натпревар го следеа 1,3 милиони луѓе ширум светот. Тие имаа и реванш во Лос Анџелес во 2019 година.
Мејведер, пак, не се бори од 2017 година по познатиот бокс меч против ММА-борецот Конор Мек Грегор во Лас Вегас, кој Флојд го доби со технички нокаут. Флојд имаше 50 борби во текот на својата кариера и нема ниту еден пораз. Се пензионираше во 2015 година како светски шампион.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА