Самоубиство на ПСЖ – „Граѓаните“ го освоија Париз (ВИДЕО)

Манчестер Сити славеше со 1-2 на гостувањето кај Пари Сен Жермен во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Светците одиграа подобро прво полувреме и со голот на Маркињос во 10. минута заминаа на пауза. Во вториот дел големите грешки ги чинеа „светците“ триумф. Прво Кевин де Бруин израмни на 1-1 по големата грешка на Кејлор Навас, а потоа и Марез од слободен ги постави конечните 1-2.

Идриза Геј на крајот ја зачини катастрофалната партија во вториот со директниот црвен картон кој го доби по стартот над Гиндоган.

 

Се вчитува...