Прва лига – ПОД ЛУПА: Голмански маки големи…, голови на „лента“ на „Тодор Проески“

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 30. КОЛО

Коло во кое единствено интересни беа натпреварите од битката за опстанок и за третата позиција која носи во Европа. Вардар е се поблиску кон Втората лига, откако загуби на гостувањето од Борец во Велес. Македонија ЃП, пак, е чекор пред Струга ТЛ во битката за Европа, но стружани одржуваа ритам. Ова беше и коло во кое прописно се посрамотија голманите на македонските терени. Дури седум погодоци од вкупно 21 беа по катастрофални голмански грешки, а прописно се посрамотија и Марко Јовановски од Академија Пандев, кој со смешна интервенција подари бод за Ренова, и Костадин Захов од Шкендија, и Јанков од Работнички, и Талески од Пелистер…

=====================================================================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Лука Трајкоски (Борец)

Најзаслужниот за повеќе од значајната победа на Борец над Вардар, за важни три бода во битката за опстанок. Одличен по левата страна на мечот, сервирајќи ги и двата погодоци за својот тим. Со двете асистенции и играта низ текот на 90 минути овозможи, во голема мера, опстанок за својот тим во прволигашката конкуренција.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Ернест Ѓока (Шкендија)

И покрај веќе осигураната шампионска титула, Ернест Ѓока ја води Шкендија од победа до победа. На резултатски безначајниот натпревар за нив, тетовци максимално се разиграа во средниот ред и нападот триумфирајќи со 3-5 на гостувањето против Работнички.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Марио Станковски (Работнички)

Гол повеќе од интересен поради киксот на голманот на Шкендија, Костадин Захов. Од 50 метри испратена топка, на крај Марио Станковски само, одлично следејќи ја целата ситуација, ја смести во мрежата на гостите…

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Голема битка во Струга, без победнички епилог…

Се вчитува...