Серхио Рамос и понатаму е во преговори со Реал Мадрид околу продолжување на неговиот договор. Актуелниот договор му истекува на крајот на сезонава, а шпанскиот репрезентативец сака да потпише договор на уште две години.
Во клубот инсиситираат на тоа тој да биде на само една година, но се чини дека сепак Реал ќе мора да попушти бидејќи капитенот не е задоволен од таа понуда. Рамос прифатил и 10 отсто намалување на платата, но никако нема да прифати договор на само една година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА