Еден Азар веќе готово две години е член на Реал Мадрид, но не ја оправда цената од 100 милиони евра колку „кралевите“ платија за него. Белгиецот на почетокот на јуни 2019 беше претставен како големо засилување за тимот, а на неговото претставување беа присутни дури 50 илјади навивачи.
Меѓутоа, бројните повреди направија големи проблеми за Азар. Имаше дури 11 во неполни две години, а поранешниот фудбалер на Челси, Демјен Даф тврди дека сето тоа е поради неспортскиот начин на живот.
„Има 30 години има самодоверба, дриблинг, плус целото негово искуство, но сите знаеме што се случува по 30 година од животот. Азар никогаш не бил голем професионалец. Никогаш не работел како Меси или Роналдо. Да работеше ќе беше рамо до рамо со нив. Те плаќаат толку многу, како вистинска ѕвезда, а ти се појавуваш во Реал, дебел“, вели Даф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА