Девојката која го обвини Роналдо за силување повторно бара пари – Португалецот треба да го одврзе „ќесето“ за отштета од 80 милиони долари

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо се најде во секс-скандал пред три години, а во кој Кетирн Мајорга го обвини за силување. Мајорга и Роналдо се запознале во 2009 година во ноќен клуб во Лас Вегас, а Кристијано наводно ја присилувал на секс во неговиот стан.

После тоа, Катрин се обратила до полицијата, а малку подоцна бил испрашуван и Роналдо, кој се правдал со изјавата дека сексот бил груб и дека девојката воопшто не барала помош додека и двајцата уживале во љубовната романтика. Роналдо подоцна и платил на Катрин околу 375.000 евра за да заборави сè.

“Сè започна кога тргнав во бањата. Тој влезе зад мене и ме замоли да го допирам неговото тело. Кога одбив, тој ме замоли да водиме љубов. Идиот. На почетокот помислив дека беше шега, но излезе дека овој фудбалер кој е толку славен и убав е всушност лудак и перверзен. Тој ме замоли да го бакнам, на што му одговорив дека ќе го направам само тоа, но не и нешто повеќе. Роналдо инсистираше на секс, тој ме присили”, изјави Мајорга.

Роналдо, се разбира, ги отфрли сите обвинувања за силување, а по судењето во 2019 година, тој беше ослободен од сите обвиненија, а судот одби да покрене судски процес против него.

Мајорга поднесе нов извештај во кој од Роналдо бара пари за претрпената душевна болка и бара отштета од дури 80 милиони долари. Малку е веројатно дека оваа тужба ќе помине на суд, но очигледно е дека Мајорга сака добро да ја наплати ноќта што ја поминала со Кристијано.

 

 

Се вчитува...