Реал Мадрид на лето ќе тргне во акција за нов напаѓач, откако Лука Јовиќ се покажа како тотално промашување, иако клубот го плати неверојатни 65 милиони евра, а за возврат доби два гола на 32 натпревари за 18 месеци.
„Кралевите“ сега се заинтересирани за уште еден голгетер на германскиот клуб, Ајнтрахт, а тоа е Андре Силва. Португалецот има фантастична сезона и постигна 21 гол во Бундеслигата.
Силва во овој клуб конечно ја пронајде својата форма, бидејќи претходно не се прослави во Милан и Севилја. Тој дојде во таборот на „росонерите“ во летото 2017 година за 40 милиони евра, но немаше забележителни настапи. Потоа замина на позајмица во Севилја, каде исто така не импреисонираше, па потоа Милан го позајми и во Ајнтрахт. Италијанскиот тим целосно се откажа од Португалецот, а за возврат го доби Анте Ребиќ.
Реал Мадрид сега планира да го врати Лука Јовиќ во Ајнтрахт и да доплати 20 милиони евра за да го доведе Силва на „Сантијаго Бернабеу“. Зинедин Зидан се надева дека напаѓачот ќе биде достојна замена за Карим Бензема, кој изминативе неколку сезони речиси сам го понесува товарот во нападот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА