Брендан Роџерс смета дека Тотенхем е голем клуб, но посочува дека е многу среќен во Лестер. Откако Мурињо си замина од лондонскиот тим, се почести се гласините дека Роџерс може да ја преземе клупата на „Спарс“, па на оваа тема се обрати и тренерот на „лисиците“.
Сепак, сигурно е дека „Спарс“ нема лесно да го убедат 48-годишникот да дојде во Лондон.
„Тотенхем е фантастичен клуб, еден од најголемите. Но, јас сум фокусиран на Лестер. Јас работам во одличен центар за обука, имаме проект, сакаме да се развиваме. Треба да направам повеќе работи тука. Имам добар однос со играчите и челниците на клубот и планираме да продолжиме да напредуваме. Многу сум среќен овде“, рече Роџерс.
Лестер во моментов е трет на табелата во Премиер лигата со пет бода помалку од второпласираниот Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА