Работнички загуби од Шкендија со 3-5 во еден неверојатно ефикасен натпревар на Националната арена „Тодор Проески“. Дел од нив беа постигнати поради индивидуални грешки, но дел и со одлични потези на фудбалерите.
Шефот на стручниот штаб Александар Влахо вели дека фудбалерите треба да извлечат поуки од поразот, да научат од грешките што се појави на дуелот со новиот шампион.
„Не сум задоволен од изданието во првото полувреме, во вториот дел бевме многу подобри. Но, направивме неколку индивидуални грешки и дозволивме премногу голови. Тоа е недозволиво и ќе мораме да го исправиме. Од друга страна, добивме двајца млади играчи кои се развија во носители на играта на Работнички, Марио Станковски и Андреј Кировски. Мислам дека сите останати треба да го следат нивниот пример за односот кон играта и тактичката дисциплина. Не останува многу време и за анализа, веќе в сабота не очекува нов првенствен натпревар, градското дерби против Вардар. Без разлика на позициите на табелата, овие натпревари секогаш се предизвик, бодовите им се потребни на двата тима, на ривалот за опстанок, а и ние сакаме најмалку уште три бода до крајот за да го осигураме местото и да избегнеме бараж“, вели Александар Влахо.
В сабота, Работнички ќе биде гостин на Вардар на арената „Тодор Проески“ во 31.коло од Првата фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА