Академија ФМП по триумфот над ТФТ во „Кале“ со 65-77 се запиша во книгата на клубови кои го нашле своето место во разигрувањето за титула во македонското првенство. „Академиците“ одиграа одличен дефанзивен натпревар каде преку агресивната одбрана во клучниот период од дуелот успеаја да го нарушат темпото на домаќинот, го неутрализираа најдоброто оружје на ТФТ, скок играта и играта во транзиција и сосема заслужено стигнаа до 11. победа во сезоната.
По натпреварот предводникот на составот од Кисела Вода, Александар Петровиќ не го криеше задоволството од успехот и соработеното на неговиот тим на овој натпревар.
„Успеавме да го оствариме тоа што ни беше зацртано од пред натпреварот, го исконтролиравме скокот и ја спречивме транзицијата. Го започнавме натпреварот во мал грч, но на крајот мислам дека одигравме добро. Добија сите шанса и задоволен сум. Тежината на натпреварот во моменти си го направи своето, но на крајот најбитно е што славевме. Честитки на ТФТ за коректниот натпревар и за влезот во плејофот“, изјави тренерот на Академија ФМП по дуелот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА