Фудаблерите на Арсенал со негатива од 2-1 ќе го пречекаат реванш дуелот од полуфиналето во Лига Европа против Вилјареал. „Топџиите“ повторно одиграа под очекувањата и веќе по 30. минути од средбата имаа негатива од 2-0, а лондонскиот состав остана во игра благодарение на Пепе кој во 73. минута стрелаше од белата точка.
По натпреварот тренерот на Арсенал не го криеше незадоволството од прикажаното на теренот поготово во првиот дел од мечот во кој домаќините можеа да стигнат и до предност од 3-0, но тоа го спречи Лено со фантастична одбрана.
„Натпреварот се одвиваше така како што се одвиваше, па мораме да го прифатиме овој резултат. Одигравме две различни полувремиња. Во првото во многу наврати не личевме на себе, а потоа колку-толку ја вративме својата игра. Лено беше сјаен, не спаси со одбраната при 2-0“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА