Вистински хаос во Ла Лига: Можна е сензација по цели 75 години

Поразот на Барселона со 1-2 на вчерашниот дуел против Гранада дополнително ги закомпликува работите во борбата за титула во Ла Лига каде до крајот на првенството остануваат уште пет кола. Четири тима се наоѓаат во позиција да стигнат до титулата, а интересно е тоа што што е можна вистинска сензација за по цели 75 години Севилја да се врати на врвот на Шпанија.

Во големата битка Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Барселона и Севилја се наоѓаат на само три бода разлика, со тоа што овие тимови ќе одиграат и по еден меѓусебен натпревар.

На лидерот Атлетико до крајот на првенството му преостануваат дуелите со Елче, Барселона, Реал Сосиедад, Осасуна и Виљалоид, додека Реал Мадрид силите ќе си ги одмери со Осасуна, Севилја, Гранада, Атлетик Билбао и Виљареал.

Третопласираната Барселона ќе се сретне со Валенсија, Атлетико Мадрид, Леванте, Селта Виго и Еибар, додека на Севилја и преостануваат натпреварите против Атлетик Билбао, Реал Мадрид, Валенсија, Виљареал и Алавес.

Предноста на останатите екипи во однос на Реал Мадрид е тоа што им преостануваат само дуелите во домашното првенство за разлика од „кралевите“ кои ги очекува дуел против Челси во Лигата на Шампионите. Интересно ќе биде до самиот крај, а не се исклучува и можноста освојувачот да биде одлучен во последното коло.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...