Димитријевиќ во Валенсија – тоа е завршена работа

Ненад Димитријевиќ на крајот од сезонава го напушта Хувентуд, а следна дестинација на најдобриот македонски кошаркар во моментов ќе биде шпанскиот прволигаш Валенсија. Ова го тврди  „Инсајд Баскет“, специјализиран медиум за шпанската кошарка, според кого сите детали од преселбата на Димитријевиќ во Валенсија се веќе договорени.

Челниците на Валенсија и минатото лето покажуваа сериозен интерес за услугите на македонскиот плејмејкер, но тогаш Хувентуд не сакаше ни да чуе за заминување на Димитријевиќ. Сега ситуацијата е поинаква, договорот на Македонецот истекува на крајот од сезонава, а од неколкуте понуди на маса тој ја избрал токму онаа на Валенсија. Според „Инсајд Баскет“, лесно може да се случи Димитријевиќ да не е единствениот кошаркар на Хувентуд кој летово би се преселил во Валенсија, откако овој клуб покажал сериозен интерес и за Чаби Лопез – Аростеги.

Воедно, Валенсија со невлегувањето во четвртфиналето од Евролигата ги загуби сите шанси за пласман во елитното европско натпреварување следната сезона. Валенсија се откажала и од трката за вајлд-карта, па во следната сезона ќе настапува во Еврокупот, што е добра вест за македонската репрезентација бидејќи доколку Димитријевиќ беше дел од Евролигата, тој сигурно ќе ги пропуштеше наредните квалификациски натпревари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by InsideBasket (@inside_basket)

Се вчитува...