Ненад Димитријевиќ одигра извонреден напаѓачки натпревар синоќа против Уникаха, постигнувајќи рекордни за него 27 поени во Ендеса-лигата.
Сепак, најдобриот потег на мечот Димитријевиќ го имаше во фазата на одбрана, со извонредната блокада од табла при еден контранапад на домаќините. Овој потег се случи на „минус 16“ на почетокот од четвртата четвртина и токму по оваа блокада Хувентуд го почна големиот пресврт, по што мечот беше одведен во продолженија.
Димитријевиќ со одличните настапи во финишот од сезонава само потврдува дека му е време за трансфер во поголем клуб, по информациите на шпанските медиуми дека неговата преселба во Валенсија е веќе договорена работа.
? ¡Qué GORRAZO de @Neno_D7!#LigaEndesa
?️ En directo por @MovistarPlus pic.twitter.com/hNcHfvylfr— Liga Endesa (@ACBCOM) May 1, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА