Капитенот на Брегалница, Ристе Наумов вели секој поединец во тимот е пресреќен со остварувањето на зацртаните цели сезона и тоа на моќен начин без ниту еден пораз во Втората лига – Исток.
Со вчерашната убедлива победа од 3-0 против Кожуф „сините“ го обезбедија првото место и пласманот во елитата.
„Минатата година само пандемијата не спречи да се вратиме во Првата лига, но сезонава и предвреме ја остваривме зацртаната цел. Повеќе од заслужено враќање во елитата затоа што Брегалница покажа дека е најдобриот тим во второлигашката конкуренција“ – вели Ристе Наумов.
Што се однесува до очекувањата за следната сезона…
„Посакуваме со добри засилувања следната сезона да бидеме максимално конкурентни во Првата лига. Желбата е да бидеме стабилен прволигаш кој воопшто нема да игра епизодна улога. Но, за сето тоа, секако има време, а најпрво треба да ја довршиме сезоната онака како што ја и играме досега“ – вели Наумов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА