Македонските ракометари ќе добијат премија од дополнителни 10.000 евра за победата над Швајцарија, како награда од веќе пропишаниот акт на Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија.
Кире Лазаров и неговите избраници имаа загарантирани 20.000 евра како премија за обезбедениот пласман на ЕП 2022, но претседателот Мукаетов ги мотивираше ракометарите со дополнителни парични средства доколку се забележат победи над Финска и над Швајцарија.
Ако на ова се додадат и оние 20.000 евра како награда за големиот триумф над Данска, завршените квалификации со десет бода, најмногу во еден квалификациски циклус за ЕП, значат вкупна премија од 50.000 евра за нашите ракометари и стручниот штаб, апсолутно заслужени за игрите прикажани во изминатиот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА