Швајцарските ракометари не можеа да поверуваат што им се случи на денешниот дуел со Македонија, на кој поразот значеше и крај на сонот за настап на ЕП 2022.
Иако загубија и на првиот меч на домашен терен, Швајцарците допатуваа полни со самодоверба, коментирајќи како Македонија не е Данска и ако ја повторат играта од пред неколку дена сигурно ќе го освојат Скопје. Им се случи сосема спротивното, „црвено-жолтите“ долго време им играат егал-меч, а кога притисокот стана преголем, гостите изгореа од него.
Лекцијата од Скопје ќе ја паметат уште долго, а во иднина сигурно со далеку поголем респект ќе влегуваат во дуелите со Македонија, селекцијата што секако во изминатите години редовно ги победуваше.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА