Шампионска лекција за Јокиќ и Денвер, Вестбрук испишува историја

ЛА Лејкерс и без помошта на Леброн Џејмс и на Шрудер успеа да најде начин да го совлада тимот на Денвер Нагетс, триумфирајќи со 93-89. „Езерџиите“ во своите редови го имаа расположениот Антонио Дејвис, кој постигна 25 поени, но ја имаше и клучната блокада при обидот за тројка на Кампацо во самиот финиш од мечот. Центарот на Ла Лејкерс се најде во центарот на вниманието и поради контроверзната лична грешка што ја изнуди токму од 30 сантиметри понискиот Кампацо, токму во моментите кога Денвер се обидуваше да направи пресврт.

Никола Јокиќ беше најефикасен кај Денвер со 32 поени и девет скокови, што сепак се покажа недоволно за да се земе скалпот на актулниот првак. Малерите со повредите на Денвер продолжија, па синоќа на долгата листа на отсутни играчи се приклучи и ПиЏеј Дозиер, кој на прв поглед заработи тешка повреда.

Вашингтон постигна неверојатни 154 поени на дуелот со Индијана што „волшебниците“ од главниот град на САД го добија со 154-141. Фантастичен натпревар одигра Расел Вестбрук, кој целосно се подреди на тимот, па реализираше скромни 14 поени, но имаше и неверојатни 21 скок и 24 асистенции. Со тоа, Вестбрук стана првиот играч со повеќе од еден натпревар со над 20 поени и над 20 асистенции, откако истото му појде од рака и во 2019 година. Денешниот трипл-дабл беше 32. за Вестбрук сезонава и вкупно 178. во кариерата, па сега му недостигаат само три за да го стигне апсолутниот рекорд на Оскар Робертсон.

Атланта го совлада Портланд со 123-114, дуел на кој извонредно прво полувреме одигра Богдан Богдановиќ, реализирајќи седум тројки од седум обиди. Во вториот дел проработе и Галинари, па Портланд немаше начин да ги запре одличните европски кошаркари на Атланта и на крајот сосема заслужено претрпе пораз.

Стеф Кари одигра уште еден фантастичен натпревар постигнувајќи 41 поен во победата на Голден Сејт на гостувањето против Њу Орлеанс со која „воините“ се чекор поблиску до обезбедување на место во доигрувањето.

Резултати НБА:

Детроит – Орландо 112-119, Вашингтон – Индијана 154-141, Њу Орлеанс – Голден Стејт 108-123, Атланта – Портланд 123-114, Чикаго – Филаделфија 94-106, Мемфис – Њујорк 104-118, ЛА Лејкерс – Денвер 93-89, Јута – Сан Антонио 110-99.

Се вчитува...