Фудбалот е најголемиот амбасадор на една држава. Сето тоа добро познато и за извршната власа која се вклучува со поддршка за македонската фудбалска репрезентација и нејзиниот настап на престојното Европско првенство.
На вчерашната 68-ма седница Владата донесе одлука за формирање Координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал 2020, одложено од минатата година, а кое ќе се одржи годинава.
„Координативното тело има за цел да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија на ова европско натпреварување“ – информираат од македонската Влада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА