По низата вести за наместени натпревари во српскиот фудбал, се огласи и претседателот на нашиот северен сосед, Александар Вучиќ. Тој и објави војна на фудбалската мафија, велејќи дека ќе почнат големи апсења во Србија.
„Ви кажувам дека таа мафијашка банда од фудбалот која дозволува цела Европа и цел свет да ни се смее поради пеналите кои се свират сите има да ги уапсиме. Тоа е се што имам да кажам“, изјави Вучиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА