Кирил Лазаров и неговиот Нант стигнаа до лесен триумф на гостувањето кај Трембле од 22-35 во заостанатиот натпревар од 16. коло во францускиот шампионат.
Гостите уште во првиот дел ги решија сите дилеми околу победникот заминувајќи на пауза со плус седум (12-19). До крајот само го исконтролираа резултатот за конечни 22-35.
Лазаров натпреварот го заврши со два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА