Митревски: Сите групи се тешки, овие ривали добро ги познаваме

Никола Митревски беше еден од најзаслужните за освоеното второ место во квалификациската група, а искусниот голман ќе биде и еден од главните адути на претстојниот европски шампионат.

Македонија се најде во тешката група А со селекциите на Данска, Словенија и на Црна Гора, а Митревски најавува дека „црвено-жолтите“ ќе сторат се за да стигнат до позитивен резултат на натпреварите што ќе ги играат во унгарскиот град Дебрецин.

„Добивме тешка група, ќе се сретнеме со познати ривали со кои имаме играно во последните години. Сите групи на ЕП се тешки, на овие собири нема лесни ривали. Ќе биде неизвесно на секој натпревар, ние ќе го дадеме својот максимум, ќе се обидеме да се подготвиме најдобро што можеме. Одиме меч по меч, ќе сториме се за да стигнеме до позитивен резултат, па ќе видиме што ќе се случи на теренот“, изјави Митревски за ЕКИПА.

Се вчитува...