ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Охрид и Велешта во „мртва трка“ за бараж за Прва лига

Охрид и Велешта продолжуваат со мртва трка за второто место во Втората лига – Запад, кое носи во баражот за прволигашка промоција, откако триумфираа во 26. коло од шампионатот.

Охрид до победата против Кадино од 3-0 дојде со хет-трик на Шериф Реџепи, кој двапати стрелаше во првото полувреме, а на крајот заокружи со гол во 80. минута.

Велешта до победата од 2-1 против Велазерими дојде со двата погодоци од пенал на Алтин Лога.

Гостивар, пак, веќе ја загуби можноста за второ место по поразот од Скопје од 2-4.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (26. коло)

Охрид – Кадино 3-0

Гостивар – Скопје 2-4

Велешта – Велазерими 2-1

Кораби – Тетекс 3-0

 

Се вчитува...