Виктор Давидовски и Франко Џиролами успеаја да освојат бодови на премиерната трка од европското првенство во автомобилизам за возила со ТЦР хомологација, што денеска се возеше во Словачка.
Проблем за македонскиот тим претставуваше судирот во првиот круг на Гаврилов, кој се изврте и удри во неколку возила, меѓу нив и она на Џиролами, оневозможувајќи го возачот на ПСС Рејсинг да се бори за највиск пласман.
Џиролами на крајот ја освои 13. позиција, веднаш зад него се најде Давидовски, а ПСС Рејсинг освои вкупно осум бода од пласманот на двајцата возачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА