Серхио Агуеро им се извини на соиграчите и навивачите на Манчестер сити за траги-комичната „паненка“ од пенал на мечот против Челси со која се посрамоти пред крајот на првото полувреме.
Агуеро имаше можност од пенал да донесе предност од 2-0 за својот тим, но Менди лесно го одбрани неговиот удар. На крајот Сити загуби и со 1-2.
„Сакам да им се извинам на моите соиграчи, стручниот штаб и на сите навивачи на клубот за промашениот пенал. Начинот како да се изведе пеналот беше лоша одлука, ја преземам целата одговорност на себе“ – напиша Агуеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

