Еурофарм Пелистер го промовираше и третото засилување за сезоната 2021/22. Нов ракометар на битолчани е кубанскиот репрезентативец Реиние Табоада Дранкет, кој доаѓа од францускиот Данкерк.
Табоада потпиша договор на една сезонa со опција за продолжување на уште една. Неговото пристигнување во Битола е најавено по крајот на сезоната.
23-годишниот Табоада е висок 192 сантиметри и тежок 89 килограми кој настапува на позициите среден и како лев бек. Во минатото беше прогласен за најдобар млад ракометар во Португалија, а во последните две сезони е номиниран за најдобар млад ракометар во францускиот шампионат.
Табоада важи за еден од најдобрите кубански ракометари, кој доаѓа како сериозно засилување за тимот на Жељко Бабиќ за наредната сезона.
Како што е познато, Еурофарм Пелистер за следната сезона веќе ги договори и Марко Кизиќ и Немања Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА