Начевски информира дека притоа се јавил на повикот на Дисциплинската комисијата на РФМ.
„Уредно се јавив на повикот од дисциплинската комисија на РФМ, каде беа присутни само два члена, претседател Димитар Ристовски, искрено никогаш не сум го видел на ниту еден натпревар да присуствува како гледач? И Драги Огненоски, го видов во два-три наврати заедно со претседателот на РФМ Г-дин Мукаетов. Ми беше соопштено дека третиот член Влатко Мицев е болен и нема да присуствува на состанокот. Јас ја извадив личната карта да се легиримирам, за што ми кажаа дека те знаеме, не треба, но тие тоа не го сторија. Претседателот ја отвори седницата, ја прочита пријавата на Мирјета Бајрамоска, за што после читањето побарав да ја видам (што не ми се дозволи). Потоа побарав да ми се достави копија од пријавата и образложение за евентуалниот прекршок за кои ме обвинуваат, за да можам да видам по кој член сум сторил прекршок за да спремам одбрана и затоа побарав да се даде пауза од 5 минути за добивање на документите кои јас ги барам. Сето ова го побарав за да побарам одложување на расправата за друг ден за да можам да ангажирам адвокат и да ја припремам мојата одбрана. (бидејќи во пријавата што ја добив и одлуката за поведување на дисциплинска постапка немаше никакво образложение за што се товарам, по кој член и какви санкции се предвидени по тој член, иако ние бевме само како гледачи на тој натпревар, а не во функција на ракометот). До тој момент целокупната расправа беше на коректно ниво. После паузата, претседателот се упати кон канцеларијата на генералниот секретар Филип Милошевски, и по 5 минути кога се врати во големата сала во РФМ, почна да разговара со повисок и правоцирачки тон „АЈДЕ ДАЈ ИЗЈАВА АКО САКАШ, АКО НЕ ДАВАЖ ДА ЗАВРЖИМЕ?“. На тоа јас му одговорив дека прво треба да ја добивам копијата од пријавата и одговорот за што се товарам, на што тој ми одговори: „ЌЕ ГИ ДОБИЕШ НА МЕЈЛ“. Јас повторно инсистирав, но залудно. Потоа се упатив да го повикам генералниот секретар на РФМ кој мораше по Статутот на РФМ да присуствува и согласно член 65 од Статутот на РФМ да се грижи за законското работење на РФМ и неговите органи и тела, и да учествува на состаноците на комисиите и другите тела и органи во давање на совети и толкување. Доколку не е во можност да присуствува, да одреди негова замена. Тогаш, ја запрашав Валентина вработена како оператор во РФМ, дали може да го повика генералниот секретар да дојде на состанок. Ми одговори дека отишол. Откако беа одбиени моите барања, побарав сето тоа да биде внесено во записникот и да добијам копија од записникот. Ми беше кажано дека записник не можам да добивам на лице место и дека ќе ми биде пратен на маил. Јас инсистирав да добивам записник кој треба да биде потпишан од присутните два члена на комисијата, од мене и од записничарот, но тоа не го добив. Во неколку наврати се обратив по официјалниот мејл да ми пратат записник, но до овој момент тоа не е сторено, не знам од кои причини?. По неколку часа наместо записник, од РФМ добив одлука за доживотна суспензија од Ракометна федерација на Македонија, во која е изнесена ноторна лага, сум рекол на претседателот на комисијата: „Ќе те колам““.
Начевски дополнува дека ќе има приватна тужба за клевета кон Мирјета Бајрамовска.
„Во време кога јас станав генерален секретар на РФМ, ракометот беше спорт бр.8 во нашата држава. Еден од најголемите спонзори на федерацијата во тоа време бев јас со мојата приватна фирма. За Ваша информација во тој период од буџетот на државата добивавме околу 5.000 германски марки годишно до 1996 год, за да во последните 4 години добивавме по цца 20.000 еур. Со голем ентузијазам и работа заедно со љуѓето кои беа во управниот одбор, достигнавме да ракометот стане спорт бр.1 во нашата држава уште во 1997 год, што тој примат го има и ден денес. Како генерален секретар останав на таа функција до март 2013 год. Знаете дека како судија, делегат-контролор на ЕХФ и ИХФ, и делегат на ЕХФ и ИХФ во ракомет на плажа имам повеќе од 1.000 натпревари и секогаш достојно и доследно сум ја презентирал Македонија, на најголеми европски и светски првенства, како и две Олимписки игри. Дали сум заслужил да одам од ракометот на ваков начин како жртва на еднострана изјава на Мирјета Бајрамоска, без никакво соочување и повикување на сведоци на расправата пред дисциплинска комисија на РФМ, нека оцени македонската јавност. За исмислениот наводен инцидент и вербален конфликт, ќе поднесам тужба за клевета против Мирјета Бајрамоска“ – вели на крајот Начевски во пишаната реакција до редакцијата на ЕКИПА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА