Милан ќе биде сериозно ослабен во финишот од сезоната во Калчо-лигата по повредата што ја заработи Златан Ибрахимовиќ на дербито со Јувентус.
Шведскиот ас мораше да биде заменет во второто полувреме, деталните прегледи покажале дека станува збор за полесна повреда на коленото, но Ибрахимовиќ сигурно ќе ги пропушти следните два меча на својот тим, против Торино и Калјари.
„Станува збор за минимално истегнување на лигаментите во левото колено. Нема да игра со Торино и со Калјари, а следната седмица ќе бидат извршени нови прегледи врз Златан“, изјави тренерот Стефано Пиоли на денешната прес-конференција.
„Росонерите“ со триумфот над Јувентус останаа на делба на второто место заедно со Аталанта и се наоѓаат многу блиску до остварување на зацртаната цел – пласман во Лигата на Шампионите за наредната натпреврувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА