Македонскиот стратег Емил Рајковиќ и неговата Астана ја продолжија низата на трофеи во Казахстанската лига откако во финалето на првенството го „збришаа“ Атирау со 3-0, со што ја потврдија фаворитската улога.
Астана во првиот натпревар од серијата славеше со 95-89, меч на кој Атирау беше најблиску до изненадување со оглед на тоа што добрата форма на составот на Рајковиќ продолжи и во следните дуели, добивајќи го вториот натпревар со +14 (94-80), како и третиот меч кој беше одигран денеска со преубедливи 65-88.
Congratulations to my PBC Astana on winning the 2021 championship of Kazakhstan ?????????
Posted by Emil Rajkovic on Wednesday, May 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА