Лондонското дерби му припадна на Арсенал кој по десет години славеше на „Стемфорд Бриџ“ против Челси со 1-0 во натпревар кој го одбележа грешката на Жоржињо кој поклони водство за „топџиите“.
Челси на почетокот на натпреварот пропушти и сто процентна шанса кога Каи Хавртс стрелаше над голот во „еден на еден“ ситуација со Лено, а „сините“ и покрај обидите во продолжението од натпревар, не најдоа решение за да го совладаат голманот на Арсенал. По натпреварот тренерот на Челси кривицата ја најде во самиот себе и преголемиот број на промени во однос на последниот натпревари и победата над Манчестер Сити.
„Вината е само наша. Пропуштивме добри шанси, им поклонивме и гол. Бевме под посакуваното ниво без права енергија. Ова нека биде последниот повик за будење… Не сум задоволен со ростерот. Направив премногу промени, не требаше да го направам тоа. Сепак, и покрај тоа верувам дека се наоѓаме во добар момент и можеме да го искористиме тоа до самиот крај“, изјави тренерот на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

