Симеоне: Фудбалот не е фудбал без публика на трибините

Диего Симеоне е на прагот на освојување на уште една шампионска титула во Ла Лига со Атлетико Мадрид, но аргентинскиот стратег не крие дека се надева на прослава со верните навивачи.

Стотина фанови на Атлетико надвор од стадионот „Ванда“ им дадоа поддршка на фудбалерите на синоќешниот дуел со Реал Сосиедад, за што Симеоне по мечот им упати јавна благодарност.

„Многу значеше да ги слушнеме навивачите надвор од стадионот, да бидат крај нас иако не им е дозволено да бидат на трибините. Јас имам јасен став – фудбалот не е фудбал без публика на трибините, овој спорт го прави посебен токму атмосферата на стадионите, се надевам дека наскоро повторно ќе имаме можност заедно да се радуваме на победите и на пехарите“, изјави Симеоне.

Се вчитува...