Вардар го возврати ударот – ќе се игра „мајсторка“ во плеј-аут серијата против МЗТ 2

Вардар го одбрани домашниот терен и закажа „мајсторка“ во плеј-аут серијата против МЗТ Скопје 2 откако во „Кале“ славеше со 68-56. Домаќините иницијативата на натпреварот ја превземаа од самото отварање на мечот во кој дозволија само шест поени на противникот, а постигнаа 23. Стекнатата предност Вардар ја одржа до самиот крај и покрај обидите за враќање на гостите кои во третата четвртина стигнаа на негатива од само два напада.

Вардар одигра одлично во одбраната на почетокот на натпреварот во кој ги лимитираше „штркчињата“ на само шест постигнати поени за 10. минути игра. Избраниците на Јованчев го контролираа скокот, одиграа и одлично во транзиција па имаат предност од 23-6 по воведната четвртина. Вардар не усепа да го задржи ритамот до полувремето, избраниците на Даскаловски ги консолидираа своите редови, заиграа далеку подобро во нападот, а благодарение на поените од втора шанса успеаа да намалат на едноцифрена негатива на полувремето (38-29).

Добриот ритам на гостите продолжи и на отварањето на второто полувреме во кое „сино-белите“ стигнаа и до негатива од само четири поени (48-44), но Вардар ја стабилизираше својата игра и со мини серија замина со 52-44 пред одлучувачката четвртина. Домаќинтие продолжија да го контролираат натпреварот и во последните десет минути во кој постојано ја одржува високата предност со што не дозволија целосено враќање на „сино-белите“ во дуелот.

Михајло Богдановиќ беше првото име во редовите на домаќинот со 20 поени и 7 асистенции, додека дабл-дабл учинок од 19 поени и 12 скока додаде Диксон Дикембе. Роберт Монтгомери беше предводникот на МЗТ 2 со 18 поени и 15 скока, Дарио Митевски натпреварот го заврши со 12 поени и 9 скока, додека него го следеше Андреј Андоновски со дабл-дабл од 11 поени и 10 скока.

Се вчитува...