Вардар е првиот финалист на завршниот турнир од Купот на Македонија по денешниот триумф од 27-22 над Металург. Тимот од Автокоманда влезе во турнирот како бранител на трофејот, но „металурзите“ не успеаја да го повторат подвигот од пред две години во Куманово, потклекнувајќи пред цврстата одбрана на „вардарци“.
Отпорот траеше едно полувреме, за во вториот дел Вардар предводен од одличниот Борко Ристовски на голот набрзина да го откаже противникот, па „црвено-црните“ в сабота во големото финале ќе се обидат да стигнат до 14. куп-трофеј во клупската историја.
За Металург пак претстои битката за третото и четвртото место во плејофот, пласман што поранешниот првак го сонува за повторно да обезбеди учество во европските купови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА