Многу полесно од очекувањата, Еурофарм Пелистер стигна до куп-финалето откако вечерва во полуфиналната пресметка го декласираше Бутел со 37-22.
Цврста одбрана, ефикасен напад и убедливо водство што овозможи Бабиќ да не ги троши премногу клучните играчи во пресрет на големото финале со Вардар. Јасно е дека дуелот со „црвено-црните“ ќе биде многу потежок за битолчани, но тие дефинитивно ќе бидат максимално мотивирани, не само поради битката за трофејот, туку и за поправање на впечатокот по убедливиот пораз од Вардар во првиот круг од плејофот.
Едно е сигурно, саботното финале ќе биде ракометен празник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА