Легендарниот бејзбол играч, Алекс Родригез и бизнисменот Марк Лор постигнаа договор околу купување на НБА франшизата на Минесота Тимбервулвс. Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез и неговиот партнер се договорија од досегашниот сопстсвеник Глен Тејлор да го купат тимот за 1,5 милијарди долари.
Како што пренесуваат американските медиуми двајцата ќе имаат 50 отсто од сопственоста на франшизата, а ќе бидат сопственици и на ВНБА тимот на Минесота Линкс од сезоната 2023/2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

