Манчестер Јунајтед влегува во последна офанзива за потписот на Џејдон Санчо, а како мамка ќе го искористи Џеси Лингард, пренесуваат англиските медиуми. Англискиот репрезентативец се препороди откако замина на позајмица од Вест Хем, а од „црвените ѓаволи“ се презадоволни бидејќи ќе може да го искористат како би го довеле Џејдон Санчо на „Олд Трафорд“.
Позајмицата на Лингард во Вест Хем завршува на крајот на сезоната, по што тој ќе се врати во Јунајтед. Манчестер Јунајтед веќе две години е заинтересиран за услугите на Санчо, но се уште не успеаја да се договорат за цената на одличниот фудбалер со Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ веќе најавија дека летово ќе го продадат Санчо доколку добијат интересна понуда за него, а се очекува германскиот клуб да бара 100 милиони евра за младата „ѕвезда“ на англискиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

