Еуро Никел со победа од 84-75 против Гостивар го осигура своето место во полуфиналето од Купот на Македонија. Избраниците на Самарџиев одиграа перфектен натпревар во кој по три четвртини имаа предност од 30 поени, по што кавадарчани ги штедеа своите сили за престоечниот натпревар против Работнички.
По натпреварот тренерот на составот од Кавадарци не го криеше задоволството од прикажаното на паркетот и нагласи голема битка за финалето против својот некогашен клуб.
„Прво би сакал да му ја честитам победата на мојот тим. Се подготвувавме за овој натпревар доста време, имавме доста за тоа бидејќи не игравме заостанати натпревари како Гостивар. Резултатот вели дека натпреварот го добивме лесно, но тие 30 поени предност што ги имавме не ги стигнавме така лесно. Потрошивме доста сили, но професионалци сме и утре ќе излеземе на терен, ќе дадеме максимум од себе. Имавме мал пад во играта бидејќи се опуштивме и мислите веќе ни беа насочени кон полуфиналето. Утре очекувам борба и да се покажеме во најдобро светло. Спортот е таков“, изјави Самарџиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА