Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер ги повика организаторите на Олимписките игри во Токио да стават крај на неизвесноста околу Игрите и да стават јасно до знаење дали Олимпијадата ќе се одржи летово или не.
Одговорните засега инсистираат Олимписките игри да се одржат на време. Но, во јапонската престолнина е прогласена вонредна состојба за да се спречи ширењето на вирусот, така што има многу сомнежи дали оваа земја ќе може да биде домаќин на илјадници спортисти од целиот свет кон крајот на јули и почетокот на август.
„На спортистите им треба конечната одлука, сакаме да се подготвивме со време. Во моментов изгледа дека Игрите ќе се одржат. Сепак, знаеме дека одлуките брзо се менуваат. На крајот на краиштата, како спортисти имате можност сами да одлучите дали сакате да патувате во Токио”, додаде 39-та -годишниот Швајцарец, кој откри дека е вакциниран.
Федерер досега учествуваше на Олимпијадата четири пати, освојувајќи два медала. Во Пекинг во 2008 година победи во конкуренција на двојки со Стен Вавринка, а во Лондон четири години подоцна освои сребрен медал меѓу поединци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА